Претприемништо и Електронска трговија

pretpriemnistvo-e-trgovijaВо издание на Економски институт – Скопје од печат излезе книгата „Претприемништво и електронска трговија“ од д-р Зоран Јаневски. Во неа авторот ги поместува резултатите од своите повеќегодишни истражувања на врските помеѓу претприемништвото и електронската трговија, како фактори на конкурентност на претпријатијата, нивните меѓузависности и начините за нивно поттикнување.

Книгата ќе се користи како учебник за потребите на студентите на втор циклус студии на насоката претприемништво, за задолжителните предмети Претприемништво и мали бизниси и Претприемнички менаџмент, и за изборниот предмет Електронски бизнис. Воедно, истата ќе се користи и како дополнителна литература за повеќе предмети од сите останати насоки на студиите од втор циклус на Економскиот институт, како и за одредени предмети на студиски програми од трет циклус студии по организациони науки и управување (менаџмент) кои се организираат во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Со оглед на тоа дека постои недостиг од литература на македонски јазик со современ приод на проблематиката од областите на претприемништво и електронска трговија, се препорачува оваа книга да ја користат и студенти од други сродни студиуми, како во рамки на единиците на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, така и од други универзитети.

Carryhealthy.comPharmshop.biz