Агробизнис
При креирањето на наставниот план и програма на насока Агробиснис земено е предвид дека во Република Македонија се случија значајни развојни промени, посебно во областа на земјоделското производство (промени во сопственичката структура, преструктурирање на организационите облици на деловните системи, промена на нивната големина, интензивирање на производството и слично). Без образовни стручњаци, едуцирани на соодветен начин не е можно да се следат овие промени, поточно да се обезбеди управување со земјоделското производство и прехранбената индустрија преку искористување на обновливите природни ресурси, заштита на околината, зачувување на ресурсите во руралните подрачја и културното наследство.
Програмата на последипломските студии од областа на агробизнисот ги нуди сите потребни знаења, вештини и компетенции кои се неопходни за постигнување на краткорочните и долгорочните цели од областа на агробизнисот во Република Македонија, со оглед на тоа што студентите со соодветните методи на настава и учење се квалификувани за креативна и иновативна работа и успешно користење на нивните знаења и вештини од агробизнисот во земјоделското производство и прехранбената индустрија. По завршувањето на студиите студентите од овој профил може да се вработуваат во претпријатијата и да работат во подрачја на: организација на производство и преработка, маркетинг и дистрибуција на земјоделско-прехранбените производи, банки при кредитирање на производството, осигурителни компании при осигурување на производството и основните средства, претставништва, владини агенции, земјоделски стручни советодавни служби и слично. Исто така, тие може да вршат едукација (средно и високо образование), да работат во наука и развој и на работи околу утврдување на данок на приход особено во области во кои доминираат приходи од земјоделството, шумарството и водостопанството.
Со оваа студиска програма се стекнуваат знаења и вештини кои можат да бидат од голема полза при отварање или водење на сопствен бизнис, а со тоа и се прошируваат можностите за самовработување.
Студиска програма Агробизнис (4+1, вкупно 60 кредити)
II Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | Од листа на изборни предмети на ЕИС | 5 |
|
2. | Од листа на изборни предмети на ЕИС | 5 |
|
3. | Магистерски труд | 20 | |
Вкупно | 30 |
Студиска програма Агробизнис (3+2, вкупно 120 кредити)
I Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | АБ3101 | Економика на аграрот | 12 |
2. | АБ3102 | Заедничка земјоделска политика на ЕУ | 12 |
3. | Од листа на изборни предмети | 6 |
|
Вкупно | 30 |
II Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | АБ3103 | Агромаркетинг | 12 |
2. | АБ3104 | Меѓународна трговија со храна | 12 |
3. | Од листа на изборни предмети | 6 |
|
Вкупно | 30 |
III Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | АБ3105 | Менаџмент во агробизнисот | 12 |
2. | АБ3106 | Управување со трошоци и ценовни политики во аграрот | 12 |
3. | Од листа на изборни предмети | 6 |
|
Вкупно | 30 |
IV Семестар | |||
---|---|---|---|
Број | Код | Предмети | ЕКТС |
1. | Од листа на изборни предмети | 6 |
|
2. | Изборен од листа на УКИМ | 4 |
|
3. | Изработка на магистерскиот труд | 20 | |
Вкупно | 30 |
Потребни документи за запишување
– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166
Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.