Меѓународна економија

 

Студиската програма по меѓународна економија вклучува изучување на фундаменталните законитости на светското стопанство во целина, како и на поодделните негови компоненти – меѓународниот трговски систем, меѓународниот финансиски систем, меѓународниот производствен систем и меѓународниот пазар на труд. Покрај тоа, соодветно внимание се посветува и на најзначајните меѓународни економски институции – Меѓународниот Монетарен Фонд, Светската Банка и Светската трговска организација, преку презентирање на целите, структурата и мисијата на овие организации и нивната улога во меѓународните економски односи.

Поконкретно, во рамките на студиската програма се изучуваат трговските режими и инструментите што се користат во националните трговски политики, како и особеностите во меѓународниот трговски систем, посебно од аспект на правата и обврските што произлегуваат од трговската интеграција. Понатаму, се обработуваат детерминантите и начините на интернационализација на капиталот и производството, тековите на капиталот и странските директни инвестиции, девизните курсеви, инструментите на монетарната и фискалната политика и нивното влијание врз извозот и увозот на националните економии, а посебно внимание се посветува на детерминантите на билансот на плаќање. Студиската програма по меѓународна економија нуди специфични знаења и во однос на економските, правните и политичките компоненти на меѓународното деловно опкружување, како и карактеристиките на меѓународниот пазар на труд што ги детерминираат односите со светското стопанство.

Во текот на студиите, студентите се стекнуваат со аналитичко-истражувачки вештини за истражување на конкретни од областа на меѓународната економија, што претставува основа за ангажман на разновидни економски проекти и работа во извозно-ориентирани компании. Покрај тоа, знаењата стекнати преку оваа студиска програма може да се искористат во институции со надлежност за креирање на макроекономските политики, посебно на трговската, инвестиционата и монетарната политика, како и при водењето на економските аспекти од надворешната политика на Република Македонија.

Студиска програма Меѓународна економија (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.МЕ4101Меѓународна трговија7
2.МЕ4102Глобална економија7
3.МЕ4103Меѓународни финансии7
4.МЕ4104Макроекономски политики и развој7
5.Од листата на изборни предмети на УКИМ2
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Од листата на изборни предмети5
2.Од листата на изборни предмети5
3.Магистерски труд20
Вкупно30

 

Студиска програма Меѓународна економија (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар
Број КодПредметиЕКТС
1.МЕ3101Меѓународна трговија12
2.МЕ3102Глобална економија12
3.Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.МЕ3103Меѓународни финансии12
2.МЕ3104Инвестиции и трансвер на технологија12
3.Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

III Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.МЕ3105Меѓународен менаџмент12
2.МЕ3106Меѓународно бизнис опкружување12
3.Од листата на изборни предмети6
Вкупно30

IV Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Од листа на изборни предмети6
2.Од листа на изборни предмети на УКИМ4
3.Магистерски труд20
Вкупно30

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.