д-р Татјана Петковска-Мирчевска

редовен професор
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

 

tatjana-petkovska-mircevska

Татјана Петковска Мирчевска е родена во Скопје. Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Ки¬рил и Методиј” Скопје во 1989 година. Како најдобар студент во генерацијата, добитник е на наградата „26-ти Јули” од Фондацијата „Франк Харкорд Манинг” од Лондон.

Магистерскиот труд го одбранила во 1993 година, а докторската дисертација во 1998 година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Ки¬рил и Методиј” Скопје и се стекнала со академскиот степен доктор на економски науки.

Во периодот од 1989 до 1994 година била вработена како професор во средното училиште „Цветан Димов” во Скопје. Во 1994 година се вработила во Еко¬номскиот институт при Универзитетот „Св. Ки¬рил и Методиј” каде во континуитет се стекнува со сите наставно-научни звања. Во највисокото научно звање - научен советник била избрана во 2007 година, а во 2012 година се стекнува со највисокото наставно-научно звање - редовен професор.

Член е на Универзитетскиот Сенат при УКИМ во два мандати: од 2008 до 2012 и од 2012 до 2016 година. Во 2012 година, од страна на Универзитетскиот сенат е избрана за член на Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија.

Д-р Татјана Петковска Мирчевска е активно вклучена во наставниот процес на првиот, вториот и третиот циклус студии на Економскиот институт, на единици при УКИМ и на други универзитети во државата. Во академската 1998/99 година, одржувала настава на прв циклус студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола (предмет: Маркетинг-информационен систем). Во периодот од 2006 до 2009 година, предавала на првиот и вториот циклус студии на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје (предмети од областа на Маркетингот). Од академската 2013/2014 година е ангажирана на првиот циклус студии на Економскиот факултет (предмет: Меѓународен маркетинг) и на Природно-математичкиот факултет на Институт по географија при УКИМ (предмет: Маркетинг во туризмот).

Ментор е и член на комисии на магистерски и докторски трудови во Институтот, на единиците при Универзитетот „Св. Ки¬рил и Методиј” во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола.

Од 2011/12 година е Раководител на студиската програма од Претприемништво на вториот циклус студии и Раководител на Секторот за настава во Економскиот институт.
Како учесник и главен истражувач, активно учествувала во изработка на голем број научни, стручни и апликативни проекти, од кои можат да се издвојат: Evaluation of user satisfaction and impact from the е-government services in Macedonia and Slovenia (билатерален проект со Република Словенија), The Failure of the labour market in Macedonia: a labour demand analysis (CERGE-EI), Economic Growth of Macedonia-experiences and policy recommendations (Global development network - GDN), Имплементација на нови наставни програми (Tempus-JEP), Multy Country Trade Development programe (Phare) и други. Била член на работната група за изработка на Извозната стратегија за software и IT услуги во Република Македонија (GТZ, MASIT) во 2012 година и член на експертскиот тим за изработка на Стратегија за развој на радиодифузна дејност на Република Македонија (OBSE, TAIEX-EU) за периодот 2007-2012 година.

Д-р Татјана Петковска Мирчевска учествувала на повеќе научни собири и меѓународни конференции. Објавила повеќе научни и стручни трудови во реномирани меѓународни научни списанија, како и учебници од областа на Меѓународниот маркетинг и Маркетинг-истражувањето.

Остварила студиски престој на Универзитетот во Болоња, Италија во 2000 година и 2001 година. За реализација на проектот ”Multy Country Trade Development programe”, по препорака на Министерството за трговија на Република Македонија, престојувала во Hungarian Investment and trade development agency во Будимпешта, Унгарија во 1999 година.

Од 2005 година, член е на Научниот одбор на референтното меѓународно списание Revista Amfiteatru Economic од Романија. Активно учествувала во формирањето и активностите на Асоцијација на економски институти на југоисточна Европа (SEEA). Вклучена е во глобалната мрежа на истражувачи Global Development Network (GDN) и Europe and Balkans International Network (EBIN).

Од септември 2016 година е назначена на позиција в.д. Директор во Економскиот институт која и тековно ја обавува.

 

Order Cheap Inderal (Propranolol) Online
Buy Cheap Viagra Professional Online
Buy Cheap Cytotec Online
Buy Cheap Amoxil Online
Buy Cheap Propecia Online
Buy Cheap Fliban Online
Buy Cheap Viagra Professional Online
safest place to buy levitra online
viagra buy online india
prednisone online sales
where to buy generic cialis online safely
buy levitra ireland
where can i buy viagra in nz
buy prednisone online australia
buy viagra cialis or levitra
Buy Cheap Viagra Professional Online
Buy Cheap Cytotec Online
Buy Cheap Amoxil Online