Во Волос (Грција) се одржа „Конференција за финална дисеминација“ во рамките на проектот ХЕЛИКС

јули 4, 2019 нема коментари metodi Категории Новости

На 2 јули 2019 година, во Волос (Грција) се одржа „Конференција за финална дисеминација“ во рамките на проектот ХЕЛИКС. На оваа конференција беа презентирани резултатите и постигнувањата на проектот како и нивното влијание врз партнерите на проектот. Во рамките на настанот е организирана и отворена работилница. На работилницата се разгледуваа можностите за соработка на Балканот (особено на Јужен Балкан), а главната цел е да се изнајде барем една идеја за меѓународна соработка за одржлив/одговорен туризам.