Еразмус + конкурс за мобилност на студенти 2020-2021

јуни 22, 2020 нема коментари metodi Категории Новости

Почитувани,

 

Започна Конкурсот за мобилност на студенти, во рамки на ЕРАСМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2020-2021 година.

 

Сите заинтересирани студенти апликациите во 3 (три) примероци (еден за студентот, еден за ЕРАСМУС+ координаторот о еден за Универзитетот)  ги доставуваат до Еразмус+ координаторот на Економски институт-Скопје (проф. д-р Наташа Данилоска-natasha.daniloska@ek-inst.ukim.edu.mk), најдоцна до 5 ОКТОМВРИ, 2020 година.

 

По добивање на апликациите, на Економскиот институт-Скопје ќе биде изработена ранг-листа на пријавените студенти, согласно критериумите (успех во студиите, познавање на странски јазик на кој се изведува наставата на универзитетот во ЕУ, мотивација и др.) и со пропратно писмо со ранг листатат, во еден примерок, истите ќе бидат доставени до Ректоратот на УКИМ, најдоцна до 12 ОКТОМВРИ, 2020 година.

Ви напоменуваме посебно внимание да посветите на изготвувањето на Learning Agreement (LA), односно да изберете предмети кои се во наставните птограми на двете високообразовни институции и се компатибилни, со цел, по враќањето на студентот истите да бидат признаени. Имено, со ставање на Вашиот потпис на LA документот, Вие гарантирате дека тоа сте го зеле во предвид и дека сте избрале предмети со соодветен број на ЕКТС кредити.

Потребно е да доставите и валидна диплома за познавање на странскиот јазик на кој се изведува наставата.

 

Сите дополнителни информации и формулари за пријавување може да ги најдете на интернет страната на Универзитетот под: megjunarodna sorabotka/ERASMUS+programa.

 

Документи:
– Erasmus+ конкурс за студентска мобилност (симни)
– Табела за рангирање (симни)