Известување: Продолжување на наставата на Економски институт – Скопје по електронски пат

април 15, 2020 нема коментари metodi Категории Новости

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за студентите на Економски институт – Скопјепри Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Почитувани студенти,
Имaјќи ги предвид предлозите на Министерството за здравство и заклучоците и одлуките донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија, а кои се поврзани со состојбата предизвикана од страна на вирусот COVID-19, како и членот 18 став 1 од Правилникот за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19 донесена од Ректорската управа на 24.3.2020 година (бр. 02-461/1 од 24.3.2020 гoдина), Економскиот институт – Скопје, на Научниот совет  на својата 39. седница одржанa на 3.4.2020 година, донесе Одлука за начинот на реализација на дејностите на Економскиот институт согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.

Во истата е предвиден начинот на реализација на наставно – образовниот процес на Економскиот институт – Скопје во летниот семестар 2019/2020 година. Во услови кога не може да се предвиди колку долго ќе траат заштитните мерки на Владата на Република Северна Македонија, реализирањето на наставно – образовниот процес во летниот семестар 2019/2020 година ќе се одвива во форма на консултативно-инструктивна настава по електронски пат. Имено, преку добивање на соодветни материјали и презентации од предметните професори и нивната постојана достапност за комуникација по електронски пат се ќе овозможи, драги студенти, да го реализираме семестарот во предвидениот период.

Согласно Одлуката, предвиден е следниот тек на наставно-образовниот процес во Економски институт – Скопје:

 

Настава
               Предавањата, односно консултативно – инструктивната настава во Економскиот институт продолжуваат да се остваруваат по пат на електронска комуникација (електронска пошта, вибер, скајп, зум и други), а во согласност со меѓусебен договор помеѓу предметните наставници и студентите.

                Семинарските работи и другите активности кои се однесуваат на наставата, исто така, се одвиваат по пат на електронска комуникација во смисла на ставот 1 на оваа точка.

 

Видови на средства за електронска комуникација
                Под средства за електронска комуникација со студентите заради реализација на активностите на вториот циклус се подразбираат електронската пошта како и другите системи за директна комуникација (вибер, скајп, зум и други), во согласност со меѓусебен договор помеѓу предметните наставници и студентите.

 

Проверка на знаења и оценување
                Испитите на вториот и третиот циклус може да се реализираат со средства за електронска комуникација, доколку постои таква можност и од страна на наставниците и од страна на студентите, под услов да се обезбедени соодветни технички решенија кои обезбедуваат идентификација и контрола на работата на студентите за време на полагањето (со помош на видео-конференциски платформи како вибер, скајп, зум и други).

Доколку не постои можност во смисла на ставот 1 на оваа точка, испитите ќе се реализираат кога ќе се создадат услови за тоа, односно по завршувањето на важење на мерките кои произлегуваат од вонредната состојба.

            Оценувањето на студентите ќе се врши, исто така, со средства за електронска комуникација, на начин утврден во ставот 1 на оваа точка, а доколку не постои таква можност, тоа ќе се реализира по завршувањето на важење на мерките кои произлегуваат од вонредната состојба.

 

Изработка и предавање на магистерски, односно докторски трудови
Роковите за изработка и предавање на магистерските, односно докторските студии се запираат за времетраење на мерките кои произлегуваат од вонредната состојба.

 

Одбрана на магистерски и докторски трудови
                Одбраните на магистерските и докторските трудови може да се реализираат со средства за електронска комуникација, доколку постои таква можност и од страна на наставниците и од страна на студентите, под услов да се обезбедени соодветни технички решенија кои обезбедуваат идентификација и контрола на работата на студентите за време на одбраната (со помош на видео-конференциски платформи како вибер, скајп, зум и други).

Доколку не постои можност од ставот 1 на оваа точка, одбраните се одлагаат до создавање на услови за нивно нормално одвивање.

                Крајниот рок за започнатите постапки за одбрана на магистерски и докторски трудови, пред воведувањето на мерките, се продолжуваат за времетраење на вонредната состојба.

 

Испитна сесија мај/јуни 2020 година
Што се однесува до испитната сесија која следи (мај/јуни), доколку Владата на Република Северна Македонија го пролонгира рокот за примена на заштитните мерки, роковите за одржување испитната сесија дополнително ќе се утврдат, за што ќе бидете навремено известени.

 

За сите дополнителни и нови информации следете ги редовно известувањата прикачени на веб-страната и на Facebook страната на Економскиот институт – Скопје. Ви благодариме на разбирањето, и Ве повикуваме да бидеме одговорни во овој тежок период за сите нас и придонесеме во зачувување на јавното здравје!

Директор,

проф. д-р Зоран Јаневски