ИЗВЕСТУВАЊЕ !!!

март 17, 2020 нема коментари metodi Категории Новости

Почитувани студенти на Економски Институт – Скопје,

Ве известуваме дека, поради настанатата ситуација и воведените мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија, консултативната настава по запишаните предмети во овој семестар ќе се одвива по електронски пат се до моментот на повторно директно вклучување на наставниот кадар во образовниот процес.

Во меѓувреме, предметните наставници ќе Ве контактираат по електронски пат за да Ве информираат за наставната програма, материјалите и потребните активности потребни за совладување на предметната материја.

За сите дополнителни информации, согласно тоа како ќе се одвива ситуацијата, навремено ќе бидете информирани.

Со почит,