ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ БРОЈ ОД СПИСАНИЕТО SEE-6 ECONOMIC OUTLOOK

јули 7, 2020 нема коментари metodi Категории Новости

SEE-6 Economic Outlook е првиот број на публикација изработена во соработка со институциите-членки на меѓународната асоцијација SEEA (Southeastern Europe Association): Економски институт, Сараево; Економски институт, Загреб; Економски факултет, Подгорица – Универзитет Црнa Горa; Екномски институт – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“; Inštitut za ekonomska raziskovanja, Ljubljana и Институт економских наука, Београд.

SEEA е основана со цел да се промовираат економските истражувања во Југоисточна Европа; да го охрабри вмрежувањето и соработката меѓу земјите-членки; да се развијат заеднички истражувачки програми; да се организираат научни конференции, тркалезни маси и најразлични средби.

SEE-6 Economic Outlook е полугодишна публикација на англиски јазик во која се претставени најновите економски движења и краткорочни макроекономски проекции во шестте земји членки: Хрватска, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Покрај тоа во секој број се прави анализа на селектирана економска тема во која се споредуваат состојбите во наведените земји. Најновиот број на SEE-6 Economic Outlook e достапна на следниов линк (ЛИНК)

 

За да дознаете нешто повеќе за SEE-6 Economic Outlook кликнете на следниот ЛИНК.