Отворање на Деловно-технолошки акцелератор УКИМ

мај 20, 2019 нема коментари metodi Категории Новости

На 18.2.2019 година, директорот на Економски институт Проф. д-р Зоран Јаневски, присуствуваше на отворањето на Деловно-технолошкиот акцелератор УКИМ за млади претприемачи и иноватори, настан кој се случи во просториите на ИНОФЕИТ.

Деловно-технолошкиот акцелератор е отворен во рамките на Научно-технолошкиот парк, сместен во кампусот на техничките факултети во Скопје. Почетната инвестиција во Научно-технолошниот парк е половина милион евра, а согласно физибилити студијата се проценува дека неговата целосна реализација ќе чини 80 милиони евра. Економски институт – Скопје заедно со уште шест други единици на УКИМ е содружник во Акцелераторот и партнер во спроведувањето на неговите програми.