ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ ЗА СЛЕДНОТО ИЗДАНИЕ НА СПИСАНИЕТО ECONOMIC DEVELOPMENT!

март 13, 2020 нема коментари metodi Категории Новости

Економски Институт – Скопје објавува ПОВИК за доставување на трудови за следното издание на меѓународното научно списание Economic Development, кое е индексирано во датабазата на EBSCO и публикува теоретски и емпириски истражувања од економски науки и организациски науки и менаџмент.

Во списанието се објавуваат трудови како: есеи, стручни трудови, осврти, прикази, белешки за научни собири и др. Трудовите треба да бидат на англиски јазик. Трудот не смее да надминува 4000 збора.

За подетални информации во однос на формата на трудовите Ве молиме погледнете го упатството за авторите “Authors` guidelines and Editing instructions” објавено на веб страната на Економски Институт – Скопје (www.ekinst.ukim.edu.mk).

Крајниот рок за поднесување на трудови е до: 30 АПРИЛ 2020 година.
Трудовите се испраќаат во електронска форма на следнава е-меил адреса:

EconomicDevelopment@ek-inst.ukim.edu.mk

Во очекување сме на наша заедничка плодна соработка!