ПОВИК за доставување на трудови за следното издание на меѓународното стручно списание Economic development

јуни 2, 2020 нема коментари metodi Категории Новости

Економскиот Институт – Скопје објавува ПОВИК за доставување на трудови за следното издание на меѓународното стручно списание Economic development, кое е индексирано во датабазата на EBSCO и публикува теоретски и емпириски истражувања од општествени науки,економски науки и менаџмент. Во Списанието се објавуваат трудови,осврти, прикази, белешки за научни собири и др. Трудовите треба да бидат на англиски јазик. Трудот не смее да надминува 4000 збора вкупно.

За подетални информации во однос на формата на трудовите  Ве молиме погледнете го упатството за авторите ‘’Authors’ guidelines and Editing instructions’’ објавено на веб страната на Економски Институт-Скопје. Крајниот рок за поднесување на трудови е до : 01 СЕПТЕМВРИ 2020.

Трудовите се испраќаат во електронска форма на следнава маил адреси: EconomicDevelopment@ek-inst.ukim.edu.mk