ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОВИКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ ЗА СЛЕДНОТО ИЗДАНИЕ НА ECONOMIC DEVELOPMENT

март 11, 2020 нема коментари metodi Категории Новости

Економски Институт – Скопје објавува ПОВИК за доставување на трудови за следното издание на меѓународното стручно списание Economic development, кое е индексираново датабазата на EBSCO и публикува теоретски и емпириски истражувања од општествени науки, економски науки и менаџмент. Во Списанието се објавувааt трудови како: есеи, стручни трудови, осврти, прикази, белешки за научни собири и др. Трудовите треба да бидат на англиски јазик. Трудот не смее да надминува 4000 збора вкупно.

За подетални информации во однос на формата на трудовите Ве молиме погледнете го упатството за авторите “Authors` guidelines and Editing
instructions” објавено на веб страната на Економски Институт – Скопје. Крајниот рок за поднесување на трудови е пролонгиран до: 30 АПРИЛ 2020
Трудовите се испраќаат во електронска форма на следниве маил адреси: eis@ek-inst.ukim.edu.mk