Банкарство од поинаков агол

Книгата БАНКАРСТВО ОД ПОИНАКОВ АГОЛ, современи теми – од теорија до практика, на авторите Проф. д-р Климентина Попоска (Економски институт, Универзитет Св. Кирили и Методиј Скопје), Марија Стојановски (Комерцијална Банка ад Скопје) и Ивана Илоска- Трајковска (претприемач, сопственик и управител на приватна компанија) третира модерни и современи прашања од областа на банкарството од сосема поинаква перспектива, каде согласно афилијацијата на авторите е направен неопходен спој на теоријата со практиката. За секое прашање кое понекогаш провокативно е поставено во книгата се нуди соодветен издржан одговор. Книгата изобилува со бројни мисли од познати автори, практични примери и шеги кои ги доближуваат актуелните банкарски теми кон читателите и ги прават поинтересни и разбирливи. Книгата ќе им помогне на многумина да најдат прецизен, интересен и разбирлив одговор на голем број актуелни прашања од областа на банкарството.

Kнигата е интересна не само за стручната јавност, туку и за секој кој сака да стекне знаење за банкарството, секој кој не е банкар, а сака да се запознае со банкарските концепти, секој кој управува компанија и соработува со банки. Книгата дава сеопфатна, енциклопедиска слика за банкарството преплетена со примери, илустрации и поучни четива.