Економски институт – Скопје, реализираше уште една од активностите

март 21, 2019 нема коментари metodi Категории Новости

На 14 и 15 Март 2019 година, Економски институт – Скопје, реализираше уште една од активностите на проектот „Иницијатива за размена на
преприемничко учење за одржливи угостотелски мали и средни претрпијатија во балканско-медитеранскиот регион“ (ХЕЛИКС). Во тој контекст Институтот организираше и спроведе локална сесија на првата обука, на тема “Педагогија за одржлив туризам”.

Обуката е наменета за за обучувачи од стручното образование и високо образовните институции. Оваа и следните обуки генерално се планираат како мешани курсеви за мобилност – теорија дома, пракса во земјата на посета. Овој пат како место на посета каде ќе се реализира практичниот дел од обуката е Драч, Албанија, во периодот од 18 до 22 Март 2019 година. Обуките се реализираат со цел да се формира група на посветени експерти, истражувачи и професионалци кои можат да дејствуваат како мултипликатори за усвојување на иновации за одржливост во угостителството.