Финансирање на МСП

Во издание на Економски институт – Скопје од печат излезе книгата со наслов „Финансирање на МСП“ од авторите проф. д-р Биљана Ангелова и проф. д-р Климентина Попоска. Книгата ги обработува клучните прашање во однос на финансирањето на МСП, користење на правилен микс на традиционални и алтернативни извори на финансирање, изнаоѓање на соодветниот модел за микс на капиталот и долгот при финансирањето на МСП, како и бизнис план и графиконот на рентабилност, како неопходни како инстументи за планирање на работењето на МСП. Книгата „Финансирање на МСП“е наменета како учебно помагало за студентите од областа на претприемништво, финансиски менаџмент и друго, како и корисен материјал за сите оние коишто се занимаваат со претприемништво и финансирање на МСП. Книгата е интересна за научната, стручната и пошироката јавност и може да послужи како солидна база за натамошни научни и апликативни истражувања во сферата на финансиите и претприемништвото.