Финансиски менаџмент

 

Насоката финансиски менаџмент е наменета за сите оние чија определба е менаџирање со компании, сектори, административно раководење во јавниот сектор, работа во банки, финансиски сектори, финансиски консалтинг, инвестициски консалтинг и сл.

На оваа насока се изучуваат 3 клучни (задолжителни) предмети и тоа:

Менаџерско сметководство – кое опфаќа финансии за менаџмент, наменето за сите оние кои работат во комерцијалните сектори касе де калкулираат цени, количини за пордажба, таргетирање на профит, определување на количини за производство и продажба во зависност од капацитетите и стратегиите на компаниите. Дел од овој предмет е изготвување на интегралн бизнис план и планирање на буџетите на компаниите.

Инвестиционен менаџмент кој опфаќа планирање на инвестициите и инвестиционо одлочување зависно од клучните индикатори на успешност, рентабилност и период на повраток. Моделирање на дисконтирани готовински текови и определување на дисконтен фактор за пресметување на сегашната вредност на инвестициите.

Меѓународен финансиски менаџмент ги изучува меѓународните плаќања, феноменот на глобализација, механизмите за определување на девизните курсеви и финансиските пазари.

Насоката е поволна за сите струки бидејќи содржи програми за стекнување на квалификации за финансиски менаџери кои можат да бидат лица од различни профили.

Студиска програма Финансиски менаџмент (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1. ФМ4101Менаџерско сметководство7
2.ФМ4102Меѓународен финансиски менаџмент7
3. ФМ4103Инвестиционен менаџмент7
4.ФМ4104Корпоративни финансии7
5.Од листата на изборни предмети на УКИМ2
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1. ФМ420Од листа на изборни предмети5
2.ФМ420Од листа на изборни предмети5
Магистерски труд20
Вкупно30

 

Студиска програма Финансиски менаџмент (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.ФМ3101Менаџерско сметководство12
2.ФМ3102Меѓународен финансиски менаџмент12
3.ФМ320Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

II Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.ФМ3103Управување со средства и извори12
2.ФМ3104Инвестиционен менаџмент12
3.ФМ320Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

III Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.ФМ106/2023Корпорациски финансии12
2.ФМ107/2023Финансирање и управивање со МСП12
3./Од листа на изборни предмети6
Вкупно30

IV Семестар
БројКодПредметиЕКТС
1.Од листа на изборни предмети6
2.ФМПЗ/2023Од листата на изборни предмети на УКИМ4
3.ФММР/2023Магистерски труд20
Вкупно30

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена”
Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.