„Иницијатива за размена на преприемничко учење за одржливи угостотелски мали и средни претрпијатија во балканско-медитеранскиот регион“ (ХЕЛИКС)

август 6, 2019 нема коментари metodi Категории Новости

Минатата недела на 30.07.2019 година, на Универзитетот “LUIGJ GURAKUQI” во Скадар, Албанија, се одржа последната работилница на конзорциумот во рамки на проектот „Иницијатива за размена на преприемничко учење за одржливи угостотелски мали и средни претрпијатија во балканско-медитеранскиот регион“ (ХЕЛИКС).

На работилницата учествуваa лица претставници на Институтциите – партнери во овој проект и тоа: VARNA UNIVERSITY OF MANAGEMENT, Бугарија; UNIVERSITY OF THESSALY-SPECIAL ACCOUNT FUNDS FOR RESEARCH-DEPARTMENT OF PLANNING AND REGIONAL DEVELOPMENT, Грција; ALEKSANDER MOISIU” UNIVERSITY OF DURRES”, Албанија; UNIVERSITY OF SHKODRA “LUIGJ GURAKUQI”, Албанија; CULINARY ARTS AND HOSPITALITY ASSOCIATION, Бугарија и УКИМ, Економски институт – Скопје, Република Северна Македонија.

На оваа работилница се оценуваше степенот на постигнатите резултати, показатели и влијание. Тоа се заснова на повратните информации на сите учесници и тековното управување со квалитетот што го вршат Евалуаторот и остатокот од Управниот комитет на проектот. Воедно, на оваа работилница, сите партнери ја претставија својата институционална стратегија за техничка и финансиска интеграција на активностите на Контактните точки во нивната редовна работа (што ќе биде предмет на одобрување од страна на Управниот комитет на проектот).