Конференцијата „EMERGING TRENDS IN BUSINESS ECONOMICS: TOWARDS COMPETITIVENESS, DIGITALIZATION AND FINANCIAL INNOVATION 2020“

ноември 6, 2020 нема коментари metodi Категории НовостиTags , ,

Конференцијата „EMERGING TRENDS IN BUSINESS ECONOMICS: TOWARDS COMPETITIVENESS, DIGITALIZATION AND FINANCIAL INNOVATION 2020“ која Економскиот институт – Скопје ја ко- организираше во соработка со Институтот за економски науки од Белград, а која се одржа на 28 и 29 Октомври 2020 година, беше навистина плодотворна и успешна. Потврда за тоа се интересните презентации на трудовите и новите сознанија кои произлегоа од нив. Успешниот тек на конференцијата исто така го потврдуваат и фактите за интересот на авторите искажан преку пријавените теми, поднесените апстракти и секако нејзината посетеност прикажана преку бројот на презентирани трудови, за што не беше пречка и новиот начин на нејзино виртуелно оддржување. Тоа е сликовито претставено на следните графикони.

 

За интернационалниот интерес и карактер на конференцијата потврда се и авторите-учесници од следниве земји: Хрватска, Литванија, Португалија, Романија, Турција, Малезија, Бугарија и Црна Гора.