Локална сесија: Претприемачки вештини за одржливи угостителски претпријатија

април 10, 2019 нема коментари metodi Категории Новости

На 11 и 12 Април 2019 година, во Економски институт – Скопје ќе се реализира локална сесија на втората обука предвидена во рамки на проектот „Иницијатива за размена на преприемничко учење за одржливи угостотелски мали и средни претрпијатија во балканско-медитеранскиот регион“ (ХЕЛИКС). Овој пат таа ќе биде на тема „Претприемачки вештини за одржливи угостителски претпријатија“. Обуката е наменета за бизнис секторот, поточно за претставници од малите и средни петпријатија од угостителскиот сектор.

И оваа обука, како и претходната, ќе се реализира како мешан курс за мобилност, односно теорија дома, пракса во земјата на посета. Како место на посета каде ќе се реализира практичниот дел од обуката е Волос, Грција, а ќе се одржува во периодот од 15 до 19 Април, 2019 година.

Обуките се реализираат со цел да се формира група на посветени експерти, истражувачи и професионалци кои можат да дејствуваат како мултипликатори за усвојување на иновации за одржливост во угостителството.