Меѓународен менаџмент

Постдипломските студии по меѓународен менаџмент, егзистираат од учебната 2004/05 година. Во изминативе 11 години, според следењето на потребите и искуствата од земјите со пазарно стопанство, студиската програма по меѓународен менаџмент се физиономираше да ги задоволува образовните потреби на магистерско ниво со пошироко научно значење во доменот на менаџментот и организациските науки и на одредени аспекти на економските истражувања и врз тие сознанија нуди подолгорочни системски или организациски трансформации во истражуваното подрачје.

Студиската програма обезбедува целокупна основа за разбирање на функционирањето на менаџментот посебно на меѓународниот менаџмент, пропратено со критична анализа во контекст на условите на работење на менаџерите. Основната цел на студиската програма по Меѓународен менаџмент е да ги обучи, оспособи и обезбеди младите менаџери со знаења и вештини кои им се неопходни за да менаџираат компетентно, способно, морално и етички. Придобивките од учењето се однесуваат на тоа што студентите ќе го знаат, или ќе умеат да го прават со завршувањето на оваа студиска програма.

Во реализацијата на студиите се поаѓа од холистичкиот пристап на третирањето на менаџментот, економската теорија, организацијата (фирмата, институцијата) како доминантен објект на проучување, и улогата на менаџментот во неа, со нагласен апликативен развоен карактер: од дијагноза на состојбите, преку проектирање, до имплементирање на решенија за менување на состојбите кои ги засегаат организациите. Во таа насока студентите се охрабруваат своите семинарски и магистарски трудови да ги темелат на реални проблеми и конкретни организации. Интересите на поединците и кандидатите што се испратени на постдипломските студии од страна на организациите се задоволуваат со системот на изборни предмети од и вон студиската програма.

Едновремено, оваа програма овозможува да се стекнат вредни знаења и вештини за менаџерскиот процес, корисни за сите студенти кои сакаат да се ангажираат во проекти во доменот на менаџери за развој, проект менаџери и друго во постојните претпријатија, како и за оние кои ќе се бават со консултативна и советодавна улога поврзана со растот и развојот на мултинационалните копмании. Континуираното образование и создавањето на високообразовни и компетентни кадри кои ќе поседуваат знаења и способности за успешно соочување со постојните промени и предизвици е императив за овие последипломски студии по Меѓународен менаџмент.

Студиска програма Меѓународен менаџмент (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.ММ4101Меѓународен менаџмент7
2.ММ4102Стратегиски менаџмент7
3.ММ4103Менаџмент на човечки ресурси7
4.ММ4104Меѓународен маркетинг7
5.Од листата на изборни предмети на УКИМ2
Вкупно30
II Семестар    
БројКодПредметиЕКТС
1.Од листата на изборни предмети5
2.Од листата на изборни предмети5
Магистерски труд20
Вкупно30

Студиска програма Меѓународен менаџмент (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.ММ3101Меѓународен менаџмент12
2.ММ3102Стратегиски менаџмент12
3.Од листа на изборни предмети6
Вкупно30
II Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.ММ3103Менаџмент на човечки ресурски12
2.ММ3104Меѓународен маркетинг12
3.Од листата на изборни предмети6
Вкупно30
III Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.ФМ3102Меѓународен финансиски менаџмент12
2.МЕ3102Глобална економија12
3.Од листа на изборни предмети6
Вкупно30
IV Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.Од листа на изборни предмети6
2.Изборен он листа на УКИМ4
3.Изработка на магистерскиот труд20
Вкупно30

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена” Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.