Меѓународна соработка

Во периодот од основањето до денес, Економскиот институт Скопје има оставрено плодна меѓународна соработака во доменот на научноистражувачката и наставната дејност. Од 2012 година, Економскиот институт е еден од основачите и прв претседавач на меѓународната асоцијацијата SEEA (Southeastern Europe Association) во  која,  покрај  Економски  институт  -  Скопје,  членуваат:  Економски  институт  -  Сараево;  Економски институт  -  Загреб;   Економски  факулет  -  Подгорица,  Универзитет  Црна  Гора;  Inštitut  za  ekonomska raziskovanja - Ljubljana и Институт економскиx наука – Београд. SEEA изготвува публикација на англиски јазик  „SEE  -  6   Economic  Outlook“  во  која  се  претставуваат најновите економски движења и краткорочни макроекономски проекции во шестте земји членки. Првиот број на SEE - 6 Economic Outlook се објави во ноември, 2015 година.

Во 2014 година Економски институт Скопје отпочна соработка со факултетот CEMAFI International, University of Nice Sophia Antipolis, Nice, France и во месец Октомри 2014 година ја организираше меѓународаната конференција на тема :Contemporary Trends and Prospects of Economic Recovery.

Во рамките на соработката на Економскиот институт - Скопје и асоцијацијата DemoBalk , во месец октомври 2015 година во Охрид, успешно се реализираше Петтата меѓународна конференција за демографијата на Балканот "Населението на Балканот на прагот на 21-от век".

Во  2015  година  остварена  е  соработка  со  Државниот  универзитет: Uludag University-Бурса, Република Турција, со кој е договорена размена на наставници, заедничко учество на меѓународни проекти и организирање на меѓународни конференции. Врз таа основа, во месец јули 2017 година во Охрид се оддржа меѓународниот симпозиум: 4th International Symposium on Accounting аnd Finance ISAF 2017, во организација на MUFAD- Турција, Uludag University-Бурса, Турција и St Cyril and Methodius University Skopje - Institute of Economics. Во оваа прилика се потпиша и Еразмус договор за соработка меѓу Uludag University-Бурса, Турција и St Cyril and Methodius University Skopje, врз основа на кој се отвори Конкурс за аплицирање.

Истата година,  во месец октомври, во Охрид се одржа меѓународаната конференција: 3rd China CEE conference,  на тема - The role of human capital in the One Belt One Road initiative.  Организатори на конференцијата беа: Ss. Cyril and Methodius University in Skopje (Macedonia); Confucius Institute;  Faculty of Economics – Skopje;   Institute of Economics – Skopje; University of Ljubljana,  Faculty of Economics (Slovenia). Исто така, два реномирани кинески универзитети се јавија во организацијата на оваа конференција, и тоа: Southwestern University of Finance and Economics from Chengdu; Shanghai University of International Business & Economics from Shanghai; а конференцијата беше главно поддржана од Chinese Academy of Social Sciences, Institute for European Studies in Beijing. Со овој настан се иницираше поблиска соработка меѓу Економски институт Скопје и високообразовни институции од република Кина.

Во април 2018 година Економски институт Скопје отпочна соработка со универзитетот: „Southwestern University of Finance and Economics“ при  факултетот „School of securities and futures“, Република Кина. Имено, во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св Кирил и Методиј “ Скопје, Економскиот институт-Скопје  ја оствари првата средба со делгација од универзитетот „Southwestern University of Finance and Economics“ при  факултетот „School of securities and futures“, Република Кина, при што беше договорено организирање на заедничка конференција, размена на наставници и студенти и зедничко учество на меѓународни конференции. Од јуни 2018 година, деканот на факултетот „School of securities and futures“, Република Кина, е член на уредувачкиот одбор на меѓународното списание на Економски институт Скопје-Economic development.

Во рамките на наставната дејност на вториот циклус студии во Економски институт - Скопје предаваат реномирани професори од првите 500 универзитети, според Академското рангирање на универзитети (Шангајска листа на универзитети).