НАСЕЛЕНИЕТО НА БАЛКАНОТ НА ПРАГОТ НА 21-ОТ ВЕК

Економскиот институт – Скопје и DemoBalk асоцијацијата успешно ја организираа Петтата меѓународна конференција за демографијата на Балканот “Населението на Балканот на прагот на 21-от век”, во Охрид, од 21-24 октомври 2015 година. Оваа конференција имаше за цел да ја оцени демографската ситуацијата на Балканот на прагот на 21 век и да ги стави во фокус нејзините главни трендови и потенцијални ефекти на среден и долг рок. Во изминатиот период, DemoBalk асоцијација и локалните организатори од балканските земји организираа четири научни конференции за демографијата на Балканот: Солун, Грција (1996); Сараево, Босна и Херцеговина (2000); Белград, Србија (2005) и Будва, Црна Гора (2010). Книгата на апстракти можете да ја превземете на следниов линк.