НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА

Развојот  на  научноистражувачката  работа  на  Економскиот  институт,  во  изминатите шеесет и пет  години, се одвива во исклучителни турбулентни промени на општествен и економски план. Програмската ориентација на научноистражувачката активност на Економски- от институт е значително проширена поради зголемената потреба од вклучување на науката во решавањето на бројни проблеми кои во континуитет произлегуваат од различните промени во општествено - економска реалност. Економскиот институт перманентно ги следи достигнувањата на научната мисла  во  светот  од  теоретски,  развоен и  стручно  -  апликативен  аспект.  Преку сопствени  фундаментални,  развојни  и апликативни  истражувања  во  доменот на економските и другите сродни науки, Институтот ја развива научната мисла и ја  организира,  координира  и  управува научноистражувачката работа во облас- та  на  економските  и  организациските науки.   Добиените   сознанија   од   сопствените истражувања, ги публикува во  посебни изданија, со што тие стануваат достапни до научностручната и пошироката јавност во Република Македонија, а се користат и во конципирањето на вкупниот општествено - економскиот развој на земјата.

Научноистражувачката и образовната дејност на Економскиот институт ја остваруваат 21 доктори на науки, односно  7  редовни  професори,  5  вонредени професори  и  6  доценти,  како  и  1  виш научен соработник и 2 научни соработници.  Економскиот  институт  ангажира и  голем  број  надворешни соработници од различни профили, а има создадено и широка мрежа за соработка со сродни институции од: земјава, регионот  и светот.

Истражувањата   од   доменот   на развој; човековиот развој; економската политика; работната сила и демографијата; меѓународната економија; меѓународната трговија; девизниот, фискалниот и кредитно - монетарниот систем; економиката на туризмот; економиката на земјоделството; аграрната политика; животниот стандард на населението; маркетингот и друго.

Истражувањата  во  доменот  на  организациските  науки  се  однесуваат  на  прашања поврзани  со:  инвестициониот  менаџмент,  маркетинг  -  менаџментот,  деловната  политика и  корпоративните  финансии,  информационите  системи,  менаџментот  и  управувањето  во претпријатијата, претприемништвото, електронската трговија, менаџмент во агробизнисот, финансискиот менаџмент и друго.

Од  основањето,  па  до  денес,  во  Институтот  се  изработени  повеќе  од  500  проекти. Овде ќе бидат наброени само позначајните проекти кои се изработени од оснoвањето, па се до денес.