Обуката на тема „Претприемачки вештини за одржливи угостителски претпријатија“

мај 7, 2019 нема коментари metodi Категории Новости

Уште една локална сесија од обуката на тема „Претприемачки вештини за одржливи угостителски претпријатија“, како дел од проектот (ХЕЛИКС), се реализираше на 02 и 03 Мај 2019 година, во Економски институт – Скопје. Овој пат обуката е наменета за студентите кои започнуваат бизнис. На оваа сесија учесниците теоретски се подготвија за практичниот дел од обуката и теренската посета што ќе се одржи во Скопје, во период од 13 до 16 Мај 2019 година, на која учество ќе земат вкупно 60 учесници меѓу кои ќе има претставници и од останатите земји партнери во проектот
(Бугарија, Албанија и Грција).