Известување за уписот на семестар за втор циклус студии

Известување за уписот на семестар за втор циклус студии

Почитувани студенти,   Се информираат студентите од втор циклус студии дека уписот на семестар ќе се врши од 3.10.2022 год до 07.10.2022 год  Потребни документи:  Образец за запишување семестар уредно пополнет;  Уплатница со уплатена рата од сумата предвидена за нивното  студирање;   Со почит, Економски институт-Скопје 

Отворени денови во просториите на Економски институт-Скопје

Почитувани наши идни студенти, Во просториите на Економски институт-Скопје во периодот од 12.09 до 16.09 ќе се одржат отворени денови на кои ќе се презентираат студиските програми од втор циклус на студии. Повелете посетете не во наведениот период од 10 до 14 часот.

КОНКУРС за запишување студенти на втор циклус студии

Почитувани, Конкурсот за запишување на студенти на втор циклус студии на студиските програми на Економски Иститут во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2022/2023 година е објавен и истиот е достапен на следниот линк: https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_II_ciklus_2022-23.pdf

Пријавувањето на испити за августовско-септемвриска сесија

Почитувани студенти,Пријавувањето на испити за августовско-септемвриска сесија започнува од 17.08.2022 заклучно со 24.08.2022 година. Испитната сесија ќе започне на 29.08.2022 и ќе трае до 16.09.2022 година. Распоредот ќе ви биде испратен дополнително. Економски институт Скопје

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 19 август 2022

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 19 август 2022

Драги матуранти, наши идни студенти, ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 19 август 2022 во периодот 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите. Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. Запознајте ги одблиску професорите и […]

Read More

ПРВИОТ МАГИСТРИРАН СТУДЕНТ НА ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ – СКОПЈЕ

ПРВИОТ МАГИСТРИРАН СТУДЕНТ НА ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ – СКОПЈЕ

Првиот магистриран студент на Економски институт – Скопје, м-р Зоран Станковски, кој во 2002 година магистрираше на студиската програма Меѓународна економија, беше во посета на Институтот. Во таа прилика му беше врачена Плакета и му беше подарен примерок од монографијата „70 години Економски институт – Скопје“.

Конкурс за запишување на студенти на трет циклус студии – докторски студии

Почитувани, Конкурсот за запишување на студенти на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2022/2023 година е објавен и истиот е достапен на следниот линк: https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_III_ciklus_2022-23.pdf УСЛОВИ И НАЧИН НА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ: На докторски студии можат да се запишат […]

Read More

Интернационална Конференција, онлајн, 1ви јуни 2022 (ВИДЕО)

Интернационална Конференција, онлајн, 1ви јуни 2022 (ВИДЕО)

Оваа година Економски Институт – Скопје прославува 70 години од своето постоење. Низ годините Економски Институт – Скопје ги прославува своите годишнини со научни конференции, меѓу другите активности, на релевантни и актуелни теми, како можност за презентација на научни истражувања, размена на мислења и започнување на академска дискусија. Како дел […]

Read More

Одбрана на докторска дисертација на м-р  Гентиана Гега

Согласно член 242 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски институт – Скопје известува дека кандидатката м-р  Гентиана Гега  јавно ќе ја брани нејзината докторска дисертација под наслов: „Можности за воспоставување и јакнење на социјалната економија во земјите од Западен Балкан”/”Opportunities for establishing and fostering the social […]

Read More