ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ ЗА СЛЕДНОТО ИЗДАНИЕ НА ECONOMIC DEVELOPMENT

јуни 18, 2019 нема коментари metodi Категории Новости

Економски Институт – Скопје објавува ПОВИК за доставување на трудови за следното издание на меѓународното стручно списание Economic Development, кое е индексирано во датабазата на EBSCO. Трудовите можат да опфаќаат повеќе научни области (економија, менаџмент, демографија) и научни подрачја, и/или да имаат интердисциплинарен карактер. Исто така, се објавуваат и други прилози од научен и стручен интерес: есеи, стручни трудови, осврти, прикази, белешки за научни собири и др. Трудовите треба да бидат на англиски јазик. Трудот не смее да надминува 4000 збора вкупно.

За подетални информации во однос на формата на трудовите ве молиме погледнете го упатството за авторите објавено на веб страната на Економски Институт – Скопје.

Краен рок за поднесување на трудови е:  1 ОКТОМВРИ 2019

Трудовите се испраќаат во електронска форма на  следниве маил адреси:

eis@ek-inst.ukim.edu.mk

sretanka@ek-inst.ukim.edu.mk