Повик за доставување на трудови за следното издание на Economic Development

август 1, 2018 нема коментари metodi Категории Новости

Економски Институт – Скопје објавува ПОВИК за доставување на трудови за следното издание на меѓународното стручно списание Economic Development, кое е индексирано во датабазата на EBSCO. Трудовите можат да опфаќаат повеќе научни области (економија, менаџмент, демографија) и научни подрачја, и/или да имаат интердисциплинарен карактер. Исто така, се објавуваат и други прилози од научен и стручен интерес: есеи, стручни трудови, осврти, прикази, белешки за научни собири и др. Трудовите треба да бидат на англиски јазик.
За подетални информации во однос на формата на трудовите ве молиме погледнете го упатството за авторите “Authors` guidelines and Editing instructions” објавено на веб страната на Економски Институт – Скопје.
Краен рок за поднесување на трудови е: 1 СЕПТЕМВРИ 2018
Трудовите се испраќаат во електронска форма на следниве маил адреси:
eis@ek-inst.ukim.edu.mk
sretanka@ek-inst.ukim.edu.mk