Конференција „Предизвиците на науката во Економијата базирана на знаење – состојби и перспективи“, одржана на 30.05.2012 година

На 30 мај 2012 година, во хотелот Холидеј Ин беше одржана научната конференција „Предизвиците на науката во Економијата базирана на знаење – состојби и перспективи“, под покровителство на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов. Темата на конференцијата со која се одбележа големиот јубилеј беше посветена токму на развојот и перспективите на науката во современета ера на глобализација, на брз технолошки развој, на растечката улога на човечкиот капитал и на  потрагата по таленти, експерти и научници кои стануваат двигатели на техничко-технолошкиот развој а оттаму и на економската моќ на земјите кои ги подржуваат. На конференцијата беше присутен Ректорот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ проф д-р Велимир Стојковски и Проректорот за наука проф. д-р Коле Василевски, Гувернерот на НБРМ Г-дин Димитар Богов, вицегувернерите на НБРМ, дел од деканите на УКИМ, ректори и проректори на други државни и приватни универзитети и голем број други гости од научната сфера.