Д-р Ирина Пиперкова

Редовен професор

НАУЧНИ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕРЕС

  • Менаџмент на човечки ресурси

Повеќе за д-р Ирина Пиперкова

Ирина Пиперкова е редовен професор на Економскиот институт – Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2000 година дипломирала на катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Последипломски студии запишала на CITY College, University of Sheffield во Солун, Грција, насока Менаџмент. Магистрирала во 2002 година, со одбрана на магистерскиот труд под наслов: „Мотивација на вработени при организациски промени”. Во 2010 година на Економскиот институт во Скопје ја одбранила докторската дисертација под наслов: „Влијанието на стратешкиот менаџмент на човечки ресурси врз организациските перформанси кај деловните субјекти во Република Македонија” и се стекнала со звањето доктор на економски науки.

Во периодот од 1999 до 2003 година работела во меѓународни организации, каде била ангажирана во реализација на проекти финансирани од ECHO, EAR, UNHCR, KfW, Danida. Од 2005 до 2006 година работела на Факултетот за општествени науки во Скопје, а од 2006 до 2011 година на Факултетот за бизнис економија во Скопје.

Од 2012 година работи во Економскиот институт, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а нејзиното сегашно звање е вонреден професор во областа Организациони науки и управување, поле Управување со човечки ресурси. Предава на предмети на последипломските студии на Економскиот институт-Скопје, како и на предмети на докторските студии по Организациони науки и управување на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.  Во 2020 година е назначена за раководител на одделението Организациони науки и управување.

Учествувала во изработка и раководење на научноистражувачки и апликативни проекти, како и на научни собири, конференции, семинари, конгреси и симпозиуми во земјава и во странство. Автор е на бројни трудови во меѓународни списанија и автор/коавтор на делови од монографии, објавени во земјава и во странство. Коавтор е и на монографијата „Вештини на вработените за конкурентност на мали и средни претпријатија“ (2020).