Трет циклус студии – Докторски студии
Новиот модел на докторски студии на УКИМ, по примерот на развиените европски универзитети, е прв од ваков вид, не само во државата, туку и на Балканот. Концептот за организирање на докторските студии во Школа за докторски студии е една од основните карактеристики на интегративното дејствување на Универзитетот.
Економскиот институт учествува во реализацијата на заедничките студии од трет циклус, и тоа:
- Демографија - Економски факултет и Економски институт.
- Економски науки - Економски факултет и Економски институт.
- Организациски науки и управување (менаџмент) - Економски факултет, Економски институт и Институт за социолошки и политичко-правни истражувања.
Докторските студии траат три години, што изнесува 180 ЕКТС-кредити.
Студиските програми се состојат од:
- обука за истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
- едукација, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
- пријава, изработка и одбрана на докторската дисертација, што изнесува 120 ЕКТС-кредити.
Обуката за истражување опфаќа:
- три предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување, што изнесува 12 ЕКТС-кредити (сите предмети од оваа група изнесуваат 4 кредити), и тоа: предметот научноистражувачка етика, еден предмет од групата предмети методологија на истражување и уште еден предмет од понудената листа на други предмети од обуката за истражување, која, по предлог на носителите на студиските програми, ја потврдува Универзитетскиот стручен совет за докторски студии;
- докторски семинари, конференции и работилници од истражувачка практика, што изнесува 18 ЕКТС-кредити.
Едукацијата опфаќа предмети од полето, областа и од потесната област на истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити.
Конкурсот за запишување на студенти на трет циклус-докторски студии на студиските програми од Демографија, Економски науки и Организациски науки и управување (менаџмент), како и списокот на ментори за академската 2013/14 е објавен на страницата на Универзитетот www.ukim.edu.mk.