Влијание на финансиската криза врз нефункционалните кредити и задолженоста на компаниите и граѓаните во Република Македонија

Во издание на Економски институт – Скопје од печат излезе книгата со наслов „Влијание на финансиската криза врз нефункционалните кредити и задолженоста на компаниите и граѓаните во Република Македонија“. Книгата произлегува од истоимениот проект на Економски институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје“ финансиран од средства за интегративните функции на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со Проф. д-р Биљана Ангелова и Проф. д-р Попоска Климентина, како главни истражувачи. Книгата претставува сеопфатна студија која ги опфаќа нефункционалните кредити и задолженоста на граѓаните и компаниите анализирано низ призма на последната финансиска криза. Резултатите од анализите во трудот претставуваат солидна основа за идентификување на главните предизвици, мерки и активности за намалување на нивото на нефункционални кредити, како и намалување на можностите за презадолженоста на приватниот сектор и секторот население. Значењето на научниот труд се согледува и во дадените препораки за ублажување на влијанието на задолженоста на компаниите и населението врз финансиската стабилност во Република Македонија. Книгата може да послужи како солидна база за натамошни научни и апликативни истражувања во сферата на банкарството, финансиите, личните финансии, корпоративните финансии и економијата во целина.