Во Економски институт – Скопје ќе се одржи Работилница за градење на конзорциум со квалитетни панели

јануари 14, 2019 нема коментари metodi Категории Новости

На 15.01.2019 година во Економски институт – Скопје ќе се одржи Работилница за градење на конзорциум со квалитетни панели, како една од предвидените активности во рамки на проектот „Иницијатива за размена на преприемничко учење за одржливи угостотелски мали и средни претрпијатија во балканско-медитеранскиот регион“ (ХЕЛИКС). Ова е трета по ред работилница од овој вид.

На работилницата ќе учествуваат лица претставници на Институтциите – партнери во овој проект и тоа: VARNA UNIVERSITY OF MANAGEMENT, Бугарија; UNIVERSITY OF THESSALY-SPECIAL ACCOUNT FUNDS FOR RESEARCH-DEPARTMENT OF PLANNING AND REGIONAL DEVELOPMENT, Грција; ALEKSANDER MOISIU” UNIVERSITY OF DURRES”, Албанија; UNIVERSITY OF SHKODRA “LUIGJ GURAKUQI”, Албанија; CULINARY ARTS AND HOSPITALITY ASSOCIATION, Бугарија и УКИМ, Економски институт – Скопје, Р. Македонија.

На оваа работилница ќе се донесуваат одлуки кои се однесуваат на оценувањето на степенот на постигнатите резултати, показатели и влијание.