НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ
ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ
Студиската програма Финансиски менаџмент е наменета за оние чија определба е менаџирање со комппании, сектори, административно раководење во јавниот сектор, работа во банки, финансиски сектори, финансиски консалтинг, инвестициски консалтинг и сл.
МЕНАЏЕРСКА ЕКОНОМИЈА
Оваа студиска програма е значајна за менаџерите да стекнат компетенции за да анализираат, планираат и да донесуваат одлуки за соодветен избор на ресурсите и како тие да се искоритуваат најефикасно (труд, капитал, земја и менаџерски капацитети).
МЕЃУНАРОДЕН МЕНАЏМЕНТ
Студиската програма обезбедува целокупна основа за разбирање на функционирањето на менаџментот, посебно на меѓународниот менаџмент, конекст на условите на работење на менаџерите.
ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Студиската програма Претприемништвото е поврзано со современите научни сознанија, од кои треба да се развиваат нови, современи вештини и компетенции за создавање и развој на бизниси и унапредување на конкурентноста на националната економија.
АГРОБИЗНИС
Студиската програма Агробизнис ги нуди сите потребни знаења. Студентите од овој профил можат да се вработуваат и работат во подрачја на: организација на производство и преработка, владини агенции, маркетинг и дистрибуција на земјоделско-прехрамбени производи.
БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ
Оваа студиска програма овозможува запознавање со основите на корпоративното право, деловното право, правниот статус на субјектите, нивните органи, нивното влегување правниот промет, склучување договори и сл.
ЛОГИСТИКА НА БИЗНИСОТ
Студиската програма опфаќа аспекти на: бизнис економијата, синџирите на снабдување и продажба, логистиката на меѓународниот бизнис, логистиката базирана на информациони технологии, осигурувањето, транспортот и шпедицијата.
МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМИЈА
Во рамките на студиската програма се изучуваат трговските режими и инструментите што се користат во националните трговски политики, како и особеностите на меѓународниот трговски систем.