ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ЕКТС

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Насоката Финансиски менаџмент е наменета за оние чија определба е менаџирање со комппании, сектори, административно раководење во јавниот сектор, работа во банки, финансиски сектори, финансиски консалтинг, инвестициски консалтинг и сл.

МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМИЈА

Во рамките на студиската програма се изучуваат трговските режими и инструментите што се користат во националните трговски политики, како и особеностите на меѓународниот трговски систем.

МЕЃУНАРОДЕН МЕНАЏМЕНТ

Студиската програма обезбедува целокупна основа за разбирање на функционирањето на менаџментот, посебно на меѓународниот менаџмент, конекст на условите на работење на менаџерите.

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Претприемништвото е поврзано со современите научни сознанија, од кои треба да се развиваат нови, современи вештини и компетенции за создавање и развој на бизниси и унапредување на конкурентноста на националната економија.

АГРОБИЗНИС

Програмата на агробизнисот ги нуди сите потребни знаења. Студентите од овој профил можат да се вработуваат и работат во подрачја на: организација на производство и преработка, владини агенции, маркетинг и дистрибуција на земјоделско-прехрамбени производи.

БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ

Оваа програма овозможува запознавање со основите на корпоративното право, деловното право, правниот статус на субјектите, нивните органи, нивното влегување правниот промет, склучување договори и сл.

ЛОГИСТИКА НА БИЗНИСОТ

Студиската програма опфаќа аспекти на: бизнис економијата, синџирите на снабдување и продажба, логистиката на меѓународниот бизнис, логистиката базирана на информациони технологии, осигурувањето, транспортот и шпедицијата.

МЕНАЏЕРСКА ЕКОНОМИЈА

Оваа студиска програма е значајна за менаџерите да стекнат компетенции за да анализираат, планираат и да донесуваат одлуки за соодветен избор на ресурсите и како тие да се искоритуваат најефикасно (труд, капитал, земја и менаџерски капацитети).

Изборни предмети