Вебинар за претприемачи на тема „Одржливо угостителство“.

декември 11, 2018 нема коментари metodi Категории Новости

На 11.12.2018 година, со почеток во 09 часот, во Економскиот институт – Скопје ќе се одржи Заеднички менторски Вебинар за претприемачи на тема „Одржливо угостителство“.
Семинарот се одржува во рамките на проектот: „Иницијатива за размена на преприемничко учење за одржливи угостотелски мали и средни претрпијатија во балканско-медитеранскиот регион“ (ХЕЛИКС). Тој е кофинансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички и е дел од Програмата за соработка: Интеррег V-Б “Балкан-Медитеран 2014-2020”.

Економскиот институт – Скопје е еден од шестте партнери на овој проект.

Учество на овој вебинар ќе земат предавачи од областа, кои предаваат на познатиот Универзитет за менаџмент во Варна (водечки партнер на проектот), како и сопственици и основачи на МСП и други лица кои произлегуваат од сферата на угостителството. Целна публика се претприемачи во туризмот и угостителството, професионалци, студенти кои се заинтересирани да работат во туристичкиот сектор, како и обучувачи.