Логистика на бизнисот

Концептот на логистиката во бизнисите и синџирите на снабдување добива се поголемо внимание од страна на научниците, консултантите и менањерите во глобални рамки. Многу претпријатија стануваат свесни за фактот дека доколку сакаат да опстанат на хиперконкурентниот пазар мораат да го преферираат колективниот наспроти индивидуалниот пристап на работење и на претпријатијата снабдувачи и претпријатијата дистрибутери да гледаат како на фактори кои можат да додадат вредност и да ја зголемат конкурентската предност. Способноста на претпријатието да создаде долгорочни, деловни односи базирани на доверба со купувачите, добавувачите и другите стратешки партнери станува круцијален конкурентен параметар.

Имајќи го предвид динамичкиот развој на проблематиката од доменот на логистиката во светски размери во последните неколку децении, изразен преку интензивните процеси на интегрирање на различните ентитети во синџири на снабдување со цел зголемување на ефикасноста на своето работење и подобрување на нивната конкурентност на националните и на глобалните пазари, наметнува потреба од соодветно застапување на предметните содржини од областа на логистиката на бизнисот во академското образование. Во таа насока студиската програма опфаќа потребните аспекти на: бизнис економијата, синџирите на снабдување и продажба, логистиката на меѓународниот бизнис, логистиката базирана на информациони технологии, осигурувањето, транспортот и шпедицијата, управување со квалитет кај логистичките системи, реверсната логистика и други предмети поврзани со логистиката на бизнисот од листата на изборни предмети на самата студиска програма.

Студиската програма овозможува напредни знаења за протокот на материјали и информации, односно ја потенцира значајната улога на логистиката во снабдувањето со материјали, соодветното производство и обезбедување на пласман на готовите производи и услуги.

Студиска програма Логистика на бизнисот (4+1, вкупно 60 кредити)

I Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.ЛБ 4101Бизнис економија7
2.ЛБ 4102Синџири на снабдување и продажба7
3.ЛБ 4103Планирање и оптимизација на логистиката7
4.ЛБ 4104Логистика на меѓународниот бизнис7
5.Од листа на изборни предмети на УКИМ2
Вкупно30
II Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.ЛБ 420Од листа на изборни предмети на студиската програма5
2.ЛБ 420Од листа на изборни предмети на УКИМ5
Магистерски труд20
Вкупно30

Студиска програма Логистика на бизнисот (3+2, вкупно 120 кредити)

I Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.ЛБ3101Бизнис економија12
2.ЛБ3102Синџири на снабдување и продажба12
3.
ЛБ320
Од листа на изборни предмети на студиската програма6
Вкупно30
II Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.ЛБ3104Логистика базирана на информациони технологии12
2.ЛБ3103Осигурување, транспорт и шпедиција12
3.
ЛБ320
Од листа на изборни предмети на студиската програма6
Вкупно30
III Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.ЛБ3105Логистички системи и операции12
2.ЛБ3106Зелена логистика (Green logistics)12
3.ЛБ320Од листа на изборни предмети на студиската програма6
Вкупно30
IV Семестар   
БројКодПредметиЕКТС
1.ЛБ320Од листа на изборни предмети на студиската програма6
2.Од листа на изборни предмети на УКИМ4
Магистерски труд20
Вкупно30

Потребни документи за запишување

– Уверение од факултет (оригинал или копија заверена на нотар)
– Биографија
– Државјанство (уверение)
– Потврда за познавање на странски јазик
– Молба адресирана до Научен совет при Економски институт-Скопје
– Пријавен лист
– Образец за запишување на семестар
– Индекс
– Таксена марка уплатена со СМС порака: “ТМ(празно место)ИМЕ(празно место)ПРЕЗИМЕ(празно место)цена” Пораката се праќа на бројот: 144 166

Начинот на студирање ќе се остварува според Правилата за студирање на едногодишни и двегодишни студии, објавени на веб-страната на Економскиот институт-Скопје.